
Платите на селекторите на Европското првенство, Саутгејт на врвот
Европското првенство започнува за три дена, а пред почетокот се прават разни статистики и рангирања, па така се појави и листа со платите на селекторите.
Препорачано
Најплатен селектор од земјите учесници ќе биде англискиот селектор Герет Саутгејт со плата од 5.8 милиони евра годишно.
Зад Саутгејт следи Нагелсман кој седи на клупата на домаќинот Германија со плата од еден милион помалку (4.8). Португалскиот селектор Роберто Мартинез е на точно четири милиони евра, а во топ 5 се уште: Дешамп (3.8 милиони евра) и Роналд Куман (три милиони евра).
ЛИСТА НА ПЛАТИТЕ НА СЕЛЕКТОРИТЕ НА ЕП:
- Герет Саутгејт (Англија) – 5,8 милиони евра
- Јулијан Нагелсман (Германија) – 4,8 милиони евра
- Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони евра
- Дидие Дешамп (Франција) – 3,8 милиони евра
- Роналд Куман (Холандија) – 3 милиони евра
- Лучијано Спалети (Италија) – 3 милиони евра
- Виченцо Монтела (Турција) – 1,8 милиони евра
- Мурат Јакин (Швајцарија) – 1,6 милиони евра
- Златко Далиќ (Хрватска) – 1,5 милиони евра
- Ралф Рангник (Австрија) – 1,5 милиони евра
- Доменико Тедеско (Белгија) – 1,5 милиони евра
- Драган Стојковиќ (Србија) – 1,4 милиони евра
- Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 1,25 милиони евра
- Сергеј Ребров (Украина) – 1,25 милиони евра
- Каспер Хјулманд (Данска) – 1,15 милиони евра
- Силвињо (Албанија) – 0,75 милиони евра
- Михал Пробиерж (Полска) – 0,56 милиони евра
- Стив Кларк (Шкотска) – 0,55 милиони евра
- Франческо Калцона (Словачка) – 0,54 милиони евра
- Марко Роси (Унгарија) – 0,3 милиони евра
- Матијаш Кек (Словенија) – 0,3 милиони евра
- Иван Хашек (Чешка) – 0,25 милиони евра
- Едвард Јорданеску (Романија) 0,24 милиони евра
- Вили Сањол (Грузија) – 0,2 милиони евра