Платите на наставниците ќе пораснат за 5%, за Мицкоски ова е историски договор

По состанокот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, на прес конференција премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека октомвриската плата за наставниците, ќе порасне за 5%. Ова претседателот на Владата го нарече „историски договор“, бидејќи рече дека нашле решение за покачување на платите до 2028 година. Следното покачување ќе биде во март следната година и тоа ќе биде за 2% поголемо, односно платата ќе биде поголема за 7%.

„Ова е историски договор, ние гледавме да најдеме решение кое ќе биде долгорочно. Па така, од октомври, односно платата што ќе ја земат наставниите во ноември, истата ќе биде покачена за 5%, а во март 2025 година за дополнителни 7%. Во март 2026 ќе пораснат помеѓу 7,5% и 10%, а истото се планира и за март 2027. Во март 2028 година, ќе пораснат од  10% д0 12,5%“, рече Мицкоски.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека владата „вложила многу напори и нашла средства за покачување на платите“.

„Согласно колективните договори во иднина се бара решение, вработените во основно и средно образование да имаат плата во висина на просечна или нешто над просечната плата. Ова е доказ дека со заемно почитување и разбирање како социјални партнери, можеме да дојдеме до решение“, рече Неделков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот