Платини пуштен на слобода

Мишел Платини е пуштен од притвор откако вчера беше уапсен поради сомневања дека го наместил доделувањето на Катар да го организира Светскотко првенство во 2022 година.

Токму добивањето на организацијата на СП 2022 година е под голем сомнеж уште од првиот дел, обвинувањата се дека Катар платил околу 400 милиони евра мито за да го организира мундијалот. Катар во трката за СП 2022 година ги победи Јужна Кореја, Австралија, Јапонија и во финалното гласање ги победи и САД. Медиумите објавија дека една од клучните улоги во лобирањето и давањето мито ја имал токму Платини кој од 2007 година па се до 2015 година беше претседател на УЕФА.

Веднаш по доделувањето на организацијата на СП, во 2010 година, истражните власти во Франција, Швајцарија и американскиот ФБИ започнаа истрага.

Адвокатот на Платини, Вилијам Бурдон по излегувањето на неговиот клиент од притвор објасни дека тој не беше уапсен, туку бил задржан како сведок во целиот случај.
– Сега се е зад мене – кратко изјави Платини по излегувањето од полициската станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот