Платини му се врати на фудбалот

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кој беше суспендиран поради корупција, има нова работа во фудбалот.

Тој ќе му биде личен советник на Филип Пијат, претседателот на ФИФПро, асоцијацијата на професионални фудбалери.

Мишел Платини во 2016 година поради земање сомнителна исплата во висина од два милиони евра од страна на првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, беше осуден на седумгодишна забрана за вршење на било каква функција во фудбалот. Но, по жалбата, казната на Платини беше намалена и истече во октомври минатата година.

– Со оглед неговите знаења и позициите што ги имаше во минатот, тој ќе биде важен за нас и неговиот глас ќе се слуша. Го познавам Мишел од 1972 година и знам дека може многу да ни помогне да станеме подобри. Засега, тој ќе нема да добива хонорар за своите услуги – изјави Пијат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот