Платформата за родова еднаквост ќе упати барања до ОЈО за случајот „Јавна соба”

Платформата за родова еднаквост, мрежа од здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост и организаторки на протестите за случајот „Јавна соба” денеска ќе одржат прес-конференција пред Јавното обвинителство на тема „Што прави ОЈО?”.

Скопје, 24 февруари 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен Печат.

– Бидејќи сѐ уште чекаме надлежните институции да преземат конкретни мерки за санкционирање на сите сторители во случајот „Јавна соба”, на прес-конференцијата ќе упатиме конкретни барања до Јавното обвинителство со рок за исполнување. Сметаме на вашето присуство, со цел да ни помогнете во заложбите за ефикасна заштита на жртвите од родово засновано насилство, се наведува во најавата на прес-конференцијата.

Скопје, 24 февруари 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен Печат.

Платформата за родова еднаквост на 3 февруари одржа протестен марш на кој побараа соодветни казни за администраторите на групата „Јавна соба”, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.

Организаторите инсистираа сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик и да се даде соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.

ВИДЕО I Дрндаревска од Коалиција „Маргини“: Затвор за сите сторители од групата „Јавна соба“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот