Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата: Конференција „Антикорупциски предизвици во 2021″

Во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска во Скопје ќе се одржи конференција насловена „Антикорупциски предизвици во 2021″ во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)”.

Проектот е финансиран од фондација „Отворено општество Македонија”, а целта е намалување на корупцијата преку подобрен интегритет на институциите, со активно вклучување на сите засегнати страни и со подобрување на фокусот на работење и правење приоритети на случаите што ги работи ДКСК.

– Целта на оваа конференција е да отвори дискусија за предизвиците и преземените активности во борбата против корупцијата во 2020 година и можните предизвици кои нè очекуваат во 2021 година. Настанот ќе даде простор за дијалог меѓу Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата, Државната комисија за спречување корупција  и претставници на Владата за заеднички да ги изложат круцијалните теми и предизвици со кои ќе се соочува македонското општество поврзани со корупцијата, стои во најавата од организаторите на онлајн конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот