Платежната агенција ќе ги поднесува барањата за субвенции за млекарите

Владата со Уредба изврши измени на на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година.

МЗШВ соопшти дека со цел олеснување на поднесувањето на барање за субвенции за сточарите за млеко оваа обврска ќе ја преземе Платежната агенција.

Ваквото олеснување на административните процедури, како што наведува МЗШВ, е поради состојбата предизвикана од КОВИД-19, а целта е земјоделците да не одат до подрачните единици на Министерството и да не се изложуваат на ризик.

-Владата на предлог на Министерството за земјоделство донесе Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Со оваа Уредба се направи измена во поднесувањето на барањата за субвенции за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, информира МЗШВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот