„Платете откуп или изгубете бубрег“ — мигранти кои патувале за Велика Британија биле киднапирани во Либија
Повеќе од 300 мигранти кои минатото лето тргнале кон Велика Британија биле киднапирани, мачени и се соочиле со закани за присилно вадење органи. Младите мажи, сите по потекло од Ирачки Курдистан, биле заробени во Либија, каде што вооружена милиција барала откуп од 5.000 долари по човек од нивните семејства, заканувајќи се дека ќе им ги отстрани бубрезите ако не платат на време, пишува Би-Би-Си.
Препорачано
Милицијата требала да ги однесе мигрантите низ Либија до медитеранскиот брег, но имало спор околу плаќањето со ирачко-курдскиот шверцер на луѓе, кој го организирал патувањето. Тој моментално отслужува десетгодишна затворска казна во Франција за перење пари и шверц.
Полицијата приведе двајца криумчари на мигранти од Косово, определен им е притвор
Детали за киднапирањата се откриени за време на неодамнешната истрага на Би-би-си за друг шверцер, што доведе до негово апсење минатиот месец. Се верува дека двајцата работеле заедно во минатото. Двајцата се од градот Рања во Ирачки Курдистан, регион кој, според извештајот на британскиот институт „Чатам Хаус“, е „преполн со активни мрежи за шверц“.
Шокантни видеа и слики до семејствата
Во текот на летото 2025 година, групи мигранти од ирачки Курдистан што пристигнувале во Либија, биле однесени во обезбедуван комплекс и затворени во него. Потоа милицијата побарала 5.000 долари за секој заложник, тврдејќи дека шверцерот не им платил за претходниот договор.
Би-би-си: Маскирани мигранти тајно работат за грчката полиција, бркаат други мигранти
На семејствата им било кажано дека ако парите не стигнат брзо, исплатата ќе се изврши со „бубрег“. Либијците, исто така, испратиле фотографии и видеа од заложниците, многу од нив вознемирувачки. Едно видео покажува млад човек на кого му е кажано дека го носат на лекар за да му го отстранат бубрегот.
Еден од татковците чиј син бил киднапиран им рече на новинарите дека тој го платил откупот. Неговиот син бил меѓу 110 заложници што се вратија дома во јануари со лет организиран од ирачката влада. Сепак, таткото покажал фотографија што неговиот син ја испратил од заробеништво, на која се гледа свежа лузна за која се плашел дека е резултат на присилно отстранување на органи.
„Не сме виделе сонце шест месеци“
Десетици други семејства се јавиле со слични фотографии. Британски лекар консултант, на кого Би-би-си му ја покажа фотографијата, рекол дека лузната изгледала како засек направен за време на операција на бубрег, но не било можно да се потврди дали органот навистина бил отстранет.
Еден млад човек рекол дека бил мачен со горење на ногата и ги покажал лузните. 16-годишникот рекол дека е еден од 178-те лица притворени во мала ќелија.
„Не сме виделе сонце шест месеци“, рекол тој.
Собата била толку преполна што морале да спијат седејќи. Сите делеле еден тоалет, а оние кои останувале предолго биле тепани. Семејствата рекле дека храната се состоела од едно парче леб на ден, и тоа само ако им платат дополнително на киднаперите.
Киднапирањата за откуп се добро документирани по мигрантските патишта низ Либија. Криминалните групи ја искористуваат ограничената државна контрола во некои области, што ги прави истрагите и гонењата исклучително тешки, вели Ентони Данкерли, советник на ОН кој истражувал трговија со луѓе. Иако многу од заложниците сега се слободни, курдските власти се сомневаат дека некои можеби платиле со своите органи.
И покрај ризиците, протокот на нелегални мигранти од ирачки Курдистан кон Европа не запира, вели Хемн Мерани, висок службеник во Министерството за внатрешни работи на Регионалната влада на Курдистан. Тој ги повикува повратниците да ги споделат своите ужасни искуства за да ги одвратат другите од истиот пат.
Мелони го осуди бруталното убиство на четворица мигранти запалени живи во кола во Италија


