Руската приватна војска „Вагнер“ за првпат јавно бара платеници за војната во Украина

Билборд со натпис на групата „Вагнер“/ Фото: Телеграм
Билборд со оглас на групата „Вагнер“/ Фото: Телеграм

Во рускиот град Екатеринбург се поставени неколку билборди од досега таинствената платеничка група „Вагнер“, со кои се бараат нови борци за фронтот во Украина. На еден од нив пишува „татковина. Чест. Крв. Храброст. ВАГНЕР“, пишува „Гардијан“.

Вакви плакати беа забележани и низ неколку други градови во земјата. Додека западните медиуми со години пишуваа за мистериозната платеничка група поврзана со власта на Путин која војува за руските интереси низ целиот свет, во Русија „Вагнер“ досега беше табу-тема, а ова е првпат како јавно бара нови членови.

„Се чини дека тие решиле веќе да не го кријат своето постоење. Сега веќе сите знаат за нив“, вели Денис Коротков, новинар на „Новаја газета“ и долгогодишен набљудувач на „Вагнер“.

Инаку, оваа група била основана од страна на Дмитри Уткин во 2014 како поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина. Тој важи за краен десничар и наводно ја именувал групата според неговиот омилен композитор Рихард Вагнер. САД и други извори го посочуваат Евгениј Пригожин, моќен бизнисмен близок на Путин, како главен финансиер на групата. Тој негира дека има врски со „Вагнер“.

Западот во битка со „Вагнер“, рускиот паравоен призрак што официјално не постои

Овие платеници одиграа важна улога во војната во Сирија, а беа потврдено присутни во неколку африкански држави. Тие се често обвинувани за воени злосторства и кршење на човековите права во воените зони во кои дејствуваат.

Западот во битка со „Вагнер“, рускиот паравоен призрак што официјално не постои

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот