15.8 C
Скопје

Платени 120 милиони евра, а Гризман си седи на „фрижидерче“!

Францускиот интернационалец за првпат не играше на еден официјален меч на Барселона, дербито со Севилја го гледаше од клупата за резерви, или поточно, на мини-фрижидер до клупата.

Каталонскиот гигант триумфираше со 4:0, а на Антоан Гризман пријатно му беше да гледа како тимот победува, но не му беше пријатно што тој не учествуваше во голеадата.

Неиграњето на Гризман нема да значи негово отфрлање, туку можеби доби одмор. Наместо на нормални столчиња, седеше како отфрлен на страна, на едно од фрижидерчињата во кои лекарскиот тим чува мраз.

Суспензијата на Усман Дембеле кој доби црвен картон, веројатно ќе значи дека Гризман на наредниот натпревар ќе се најде во нападот заедно со Меси и Суарез.

Се шпекулира дека Французинот не е во најдобри односи со првата ѕвезда Меси, кој преферираше клубот да го врати Нејмар. 

Поврзани вести

Падобранецот на „Гринпис“едвај спасил жива глава, снајперисти го имале на нишан

Слободен печат

Ламело Бол е дебитант на годината во НБА

Слободен печат

Навивачка љубов: „Фалангата“ и украинските фанови заедно во Букурешт

Слободен печат

ВИДЕО: Италија ја суреди Швајцарија и се пласира во осминафиналето

Слободен печат

ФОТО: Јокиќ се врати во родниот Сомбор и веднаш седна во едносед

Слободен печат

Срамно, масовно се бришат видеата на кои Ѓоковиќ му го подарува рекетот на момчето од трибините

Слободен печат

Остави Коментар