Платата на вработените во градинките за месец јуни зголемена за 16 отсто - Слободен печат
ВестиМакедонија

Платата на вработените во градинките за месец јуни зголемена за 16 отсто

Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот, информираат од МТСП.

Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 отсто се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

– Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули – информираат од МТСП.

„Градинката е место каде започнува развојот на детето. Тука децата го осознаваат светот, тука ги градат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок. Токму затоа, ние продолжуаме да инвестираме во нови објекти, но и во кадрите кои се грижат за нашите најмлади и целокупниот квалитет на предучилишното образование“, се наведува во соопштението од МТСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close