ПЛАТА РЕЧИСИ 25 ИЛЈАДИ ЕВРА МЕСЕЧНО, а работата е лесна, дознајте што треба да правите

овци шкотска
Принтскрин/Телеграфи

Шкотскиот остров Роналдсej, објави необичен оглас за слободни работни места. Се бараат овчари кои ќе бидат добро платени за да се грижат за редок вид овци – оркни.

Овој остров бара искусни овчари кои ќе се грижат овците само да ја јадат храната која ја планираат сопствениците, да се движат на безбедни локации и да останат што е можно подалеку од другите животни, пренесува Телеграфи.

Овчарите исто така ќе треба да бидат сигурни дека овците ќе останат колку што е можно подалеку од ѕидот што ја дели земјата во која се одгледуваат разни зеленчуци и живеат жителите на островот. И бидејќи овој ѕид е премногу стар, тие ќе мора да го поправат.

Станува збор за околу 35 часа неделно, додека платата ќе биде 24.473 евра. Сите оние кои ќе ја прифаќаат работата ќе бидат обврзани да го почитуваат тригодишниот договор, со единствена цел целосно обновување на ѕидот и зголемување на бројот на овците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот