Пластиката сè уште е еден од главните заканувачи за климатските промени

unsplash

Пластичното ѓубре треба да биде еден од најважните приоритети на светските власти. Пластиката за еднократка употреба е сериозен проблем за климатските промени и огромна закана за животната средина што дополнително е влошена од пандемијата на коронавирусот и потребата за дополнителна пластична заштитна опрема.

Најголем процент од произведената пластика е направена од фосилни горива што масовно продолжува да ја уништува планетата.

unsplash

Пластиката е загрижувачки факт затоа што многу малку од произведената пластика се рециклира, помалку од 10%. Огромен дел од пластиката се гори. Но, огормен дел од светот продолжува да создава депонии и, сè повеќе ја загадува животната средина.

Претежно слушаме за океанската пластика и штетата што константно му се нанесува на морскиот свет, кој почнува да се храни со пластични кеси…

Но, микропластиката е уште позагрижувачки момент. Пластиката не се распаѓа, туку се распаѓа на ситни честички, кои може да се најдат на секој агол на планетата, на копно и во воздух, во водата за пиење и сите извори на храна.

unsplash

Сè уште нема фиксни податоци и истажувања какво влијание има за здравјето на луѓето, но имајќи ги предвид токсините што се користат во производството на пластика како бензен, олово, фталати – не може да биде добро.

Сепак, фрустрирачки е фактот што властите не посветуваат доволно внимание на оваа глобална еколошка катастрофа. Наместо тоа, на пластиката за една употреба (што претставува околу 40% од пластиката што се користи секоја година) се гледа како на прашање кое мораат да го решат локалните самоуправи преку подобра политика за рециклирање и управување со отпад.

Тој став мора конечно да се смени, бидејќи глобалните проблеми со рециклирањето, јасно ставаат до знаење дека рециклирањето никогаш не било, ниту ќе биде во чекор со употребата на пластика и нејзината пристуност насекаде.

unsplash

Тоа долго време ги преокупира еколозите, кои со години лобираат за глобална акција за намалување на производството и употребата на пластика за еднократна употреба.

За таа цел, повеќе од 600 организации за заштита на животната средина и социјална правда прават планови кои ги предложуваат на властите за решавање на овој проблем.

Досега, се чини како никој да не беше подготвен да ги разгледа посериозно опциите за намалување на производството на пластика.

unsplash

Во меѓувреме, ситуацијата од ден на ден се влошува. Веројатно мал дел од глобалното население кое помага за рециклирање со цел да оствари некаков приход се луѓето кои припаѓаат на заедниците со ниски примања.

unsplash

Зошто едноставно не се користи моќта на набавки за да се намали количината на еднократна употреба на пластика? Зошто светот не почне да одбива дозволи за проширување на капацитетите за производство на пластика и со меѓународни напори државите да се насочат кон намалување на користењето пластика?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот