Пластичните хирурзи кои имаат свое реално шоу! – Слободен печат
ЕспресоУбавина

Пластичните хирурзи кои имаат свое реално шоу!

Методите на разубавување се брутални, но на некои тоа воопшто не им смета.

Докторите Тери Дуброу и Паул Насиф веќе пет години се ѕвезди на сопственото шоу „Botched“ и се помеѓу најплатените пластични хирурзи во Лос Анџелес. Во нивното шоу луѓето доаѓаат со најлошите резултати од естетските зафати – инфекции, распаднати силикони, р’скавици. Овие доктори се обидуваат да го решат тоа и да им го вратат во нормала животот на пациентите.

Наводно, богатството на Тери Дуброу се проценува на околу 40 милиони долари. Автор е на неколку стручни написи на тема пластична хирургија и реконструктивна хирургија, сопственик е на приватна ординација, но и татко и сопруг на ријалити ѕвезда. Неговата сопруга Хедер се појавува во шоуто „The Real Housewives of Orange County“. Сличен живот води и неговиот колега Насиф.

Оваа двојка во САД пред се е популарна поради својата искреност спрема пациентите. Сепак, многумина ги изненади нивната изјава дека пластичната хирургија ја нарекуваат варварска. Докторот Дуброу навел дека пластичната хирургија е брутална, бидејќи во своите методи на разубавување се уште користи нож и шиење. Но, тие двајца сметаат дека за десетина години, се поретко ќе се користат такви алати. Сметаат дека ќе се појават неинванзивни начини за подмладување и зацврстување на кожата.

„За 5 до 10 години, ќе можете да ја затегнете кожата без ножеви и шиење. Кога студирав, размислував колку е варварски што во 21 век користиме ножеви и конци. Апсурдно!“, изјавил Дуброу.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close