Планот на Трамп за Украина

Планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина вклучува отфрлање на членството во НАТО од страна на Киев и територијални отстапки во корист на Русија, јавија американските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до Трамп и анализа на предлозите на неговите советници.

-Советниците на Доналд Трамп јавно и приватно разговараат за предлозите за ставање крај на конфликтот во Украина, според кои значителен дел од територијата во догледна иднина би и бил префрлен на Русија. Предлозите на тројцата врвни советници имаат некои заеднички карактеристики, вклучително и отстранување на прашањето за влезот на Украина во НАТО, се вели во соопштението.

Трамп допрва треба да состави голема работна група за да подготви мировен план. Изворите велат дека конечниот договор најверојатно ќе зависи од тоа што ќе одлучат Трамп, Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп постојано ветуваше за време на неговата изборна кампања дека ќе стави крај на речиси тригодишниот конфликт во рок од 24 часа од неговата инаугурација на 20 јануари, но допрва треба да каже како.

Аналитичарите и поранешните претставници на националната безбедност изразуваат сериозни сомневања дека Трамп може да го исполни таквото ветување поради сложеноста на конфликтот. Меѓутоа, заедно, изјавите на неговите советници укажуваат на потенцијалните контури на мировниот план на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот