Планот на Трамп за Украина? Предавање на окупираните територии и забрана за влез во НАТО

Доналд Трамп EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Предавањето на окупираните територии, демилитаризираната зона и забраната за влез на Киев во НАТО во следните 20 години се деталите од мировниот план за Украина што ги разгледува Доналд Трамп, пишува американски Волстрит журнал, повикувајќи се на неименувани извори.

„Мировниот план“ на Трамп вклучува отстапување на дел од украинските територии на Русија, но и забрана на Киев да влезе во НАТО, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на три лица од околината на идниот американски претседател.

Советниците на Трамп изјавија дека различни верзии на планот за завршување на војната во Украина се „на маса“. Еден од овие планови вклучува Украина да не влезе во НАТО уште 20 години, откри WSJ.

„Планот предвидува замрзнување на конфликтот на сегашната линија на фронтот и создавање на демилитаризирана зона од речиси 1.300 километри. Нејасно е кој ќе ја чува оваа територија, но американските сили нема да бидат вклучени во мировната мисија“, се наведува во текстот.

Американскиот дневен весник пишува дека и САД нема да ја финансираат оваа воена задача.

„Можеме да обезбедиме обука и друга поддршка, но војниците мора да бидат обезбедени од Европа. Не испраќаме Американци да го чуваат мирот во Украина. И ние нема да платиме за тоа. Нека го направат тоа Полјаците, Германците, Британците и Французите“, рече претставник на тимот на Трамп.

Соединетите Држави имаат намера да и снабдат оружје на Украина за да одвратат потенцијален нов руски напад.

Планот, исто така, предвидува Русија да задржи близу 20 отсто од украинската територија што силите на агресорот веќе ја окупираа.

Сепак, на Трамп му беше претставен друг план.

Кит Келог и Фредерик Х.

„Украина сепак може да се обиде да ги врати изгубените територии, но тоа ќе мора да го направи преку дипломатски преговори“, објави WSJ.

Доналд Трамп тврди дека ќе стави крај на војната во Украина. Сепак, засега не е јасно како планира да го постигне тоа. Во своите јавни изјави, победникот на претседателските избори избегнува да дава конкретни детали за тоа кога и како има намера да преговара со Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Украинскиот претседател постојано изјавуваше дека Украина одбива да се откаже од Крим и Донбас заради примирје и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот