Планот на Трамп ги вознемири Палестинците – на протести запалени знамињата на САД и Израел (ВИДЕО)

Протест за поддршка на Палестина/ Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

На Палестинците им се нуди ограничена самоуправа во појасот Газа, на делови на Западниот брег и во некои ретко населени подрачја во Израел, во замена за исполување на долга листа на услови.

Палестинците шриум Блискиот исток протестираа против мировната иницијатива за регионот на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Бета“.

Тие го отфрлија планот на Трамп кој, според многумина, одел во корист само на Израел. Планот предвидува анексија на сите еврејски населби и долината на Јордан на окупираниот Западен Брег.

На Палестинците им се нуди ограничена самоуправа во појасот Газа, на делови на Западниот брег и во некои ретко населени подрачја во Израел, во замена за исполување на долга листа на услови, констатираат од „Бета“.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на соседниот Јордан во знак на протест против плановите.

Јордан, кој е близок сојузник на САД и клучен играч во раните настојувања да се договори мир, го предупреди Израел против анексијата на територијата.

Демонстрантите ги вееја јорданските и палестинските, а ги палеа израелските знамиња, извикувајќи: „Трамп е кукавица“ и „Ал Акса, ние сме овде“, алудирајќи на ерусалимската џамија, трета по значење во исламот која се наоѓа на местото свето и за Евреите и за муслиманите.

Во Либан десетина Палестинци се собраа во бегалскиот логор Бурџ ал Бараџин по петочната молитва, носејќи палестински знамиња и фотографии од џамијата Ал Акса и скандирајќи? „Би умреле за Палестина да живее“ и „Револуција додека не ја ослободиме Палестина“.

Некои демонстранти изјавија дека Палестина не е за продажба, имајќи во предвид дека планот предвидува 50 милијарди долари инвестиции во период од десет години, доколку палестинската држава и неколку амбициозни проекти за развој, но не е кажано кој ги обезбедил парите.

Палестинците на Западниот Брег и во појасот Газа одржаа мали протести во последните денови, осудувајќи ја иницијативата на Трамп, но илјадници денес се собраа во Газа, каде запалија израелски и американски знамња, портрети на Трамп и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Најмалку 14 Палестинци се ранети од израелски оган долж безбедносната ограда околу Газа, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Молитвите се завршени мирно, и покрај стравувањата дека денес ќе избијат поголеми демонстрации и судири на Брдото на храмот кадешто се наоѓа џамијата Ал Акса.

Исламската управа задолжена за тоа светилиште рече дека околу 30.000 верници присуствувале на традиционалните молитви.

Тоа место муслиманите го нареуваат Возвишено прибежиште (Haram al Šarif) и на нему некогаш биле древните еврејски храмови.

Тоа се наоѓа во ерусалимскиот стар град во источен Ерусалим кој Израел го освои заедно со Западниот Брег и појасот Газа во војната во 1967 година.

Палестинците го сметаат источен Ерусалим за свој главен град и сакаат нивната идна држава да биде на сите тие територии.

Планот на Трамп меѓутоа предвидува главниот палестински град да биде во предградието на источен Ерусалим, надвор од бариерата која ја подигна Израел да се издвои од Палестинците.

Останатиот дел на Ерусалим, вклучувајќи го и Стариот град ќе остане главен град на Израел.

Покрај протестите од појасот Газа синоќа се истрелани три ракети кон Израел, а израелската војска одговори со воздушни удари на цели на екстремистите.

Палестинските екстремисти исто така пуштале балони со експлозив преку границата и подоцна денес истрелале три гранати од минофрлач во правец кон Израел, а војската одговори со тенковски оган.

Никој не е ранет во тие размени на оган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот