Планот на Солскјер за нов Јунајтед, тандем од 100 милиони евра?

EPA-EFE/PETER POWELL

Се шпекулира дека клубот од „Олд Трафорд“ би можел да ги ангажира Конате и Вернер, или евентуално напаѓачот на Монако, Бен Једер..

И покрај кризата поради пандемијата на коронавирус, норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ е подготвен да биде активен на трансфер пазарот.

Од една страна Оле Гунар Солскјер ќе мора да ги промени своите планови, односно Калиду Кулибали од 100 милиони евра не е реална опција.

Па затоа, од друга страна стратегот на Манчестер јунајтед одлучи за истата сума се обиде да купи двајца играчи.

Се бара фудбалер кој ќе му помага на Мегвајер, а во прв план е дефанзивецот на бундеслигашкиот клуб Лајпциг, Ибраима Конате, кој е проценет на 40 милиони евра.

Што се однесува до нападот, се шпекулираат две имиња, Тимо Вернер и Висам Бен Једер. Германецот Вернер е воедно желба и на Ливерпул, а Лајпциг нема да се откаже од неговите услуги за помалку од 60 милиони евра.

Иако Јирген Клоп и лично разговараше со сонародникот, но тоа не е доволна гаранција дека ќе го облече дресот на „редси“, бидејќи и натаму нема конкретни понуди.

Јунајтед има и „план Б“, Бен Једер би бил поевтин од Вернер, а учинокот од 19 голови и девет асистенции во 31 натпревари за Монако од почетокот на сезоната говори дека станува збор за еден комплетен напаѓач.

На крајот на краиштата плановите на Солскјер многу ќе зависат и од Пол Погба чија евентуална продажба ќе донесе многу повеќе алтернативи за екипата од „Олд Трафорд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот