ПЛАНОТ НА САРИ: Манџукиќ, Џан + пари за Погба!

twitter.com/MirrorFootball

Првакот во Серија А ги нуди Марио Манџукиќ и Емре Џан плус дополнителна сума пари во зимскиот период за услугите на Пол Погба, пренесува „Тутоспорт”.

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари смета дека светскиот шампион со Франција би му завршил исклучително добра работа во моментот и побарал од раководството да го стори невозможното во јануари, за да се обиде да го врати.

И покрај класата на Французинот, неговиот состав тоне во медиокритет и на повидок е уште година без трофеи за „црвените ѓаволи”, што во секој случај би значело дека нема смисла да остане на „Олд Трафорд” доколку сака да почне да освојува трофеи час порано.

Погба стана шампион со составот на Јуве четири пати и беше една од најголемите sвезди на тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот