Планот на Реал Мадрид: Во „пакет“ Халанд и Мбапе!?

фото: твитер

Клубот од „Сантјаго Бернабеу“ според изворот во овој момент тешко може да издвои голема сума на пари поради кризата со пандемијата на коронавирус.

Како што пренесува шпанскиот „АС“, желбите на Реал Мадрид во 2021 година се едни од најголемите светски фудбалски ѕвезди, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

„Кралевите“ имаат намера да активираат две големи трансфер „бомби“. Желбата да се ангажира Французинот постои уште одамна, а можно е во „пакет“ да се најде и норвешката сензација Халанд.

Клубот од „Сантјаго Бернабеу“ според изворот во овој момент тешко може да издвои голема сума на пари поради кризата со пандемијата на коронавирус.

Обезбедувањето на услугите на Мбапе нема да биде лесно, бидејќи тој има договор со ПСЖ до 2022 година, а проценката на луѓето од Мадрид дека следното лето 2021 тој ќе вреди 100 милиони евра.

Исто така и доведувањето на Халанд од Борусија Дортмунд ќе биде „невозможна мисија“, воедно голема непознаница би била неговата вредност.

Во јануари годинава потпиша за „милионерите“, продолжува редовно да ги тресе противничките мрежи. Медиумите шпекулираат дека ќе треба да помине барем неколку години во бундеслигашот, а потоа откако ќе созрее уште повеќе како врвен фудбалер, можно е да почне да гледа понуди и од најголемите светски клубови. Дефинитивно шпанскиот гигант би имал страшен напад во Халанд, Мбапе и Еден Азар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот