Планот на Ерик Адамс да го намали вооруженото насилство во Њујорк

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс/ Фото Stefan Jeremiah / Zuma Press / Profimedia

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, на прес-конференција најави спроведување на агресивен план чија цел е да се запре вооруженото насилство во градот, по серијата вооружени напади врз полицајци и бранот насилни злосторства, пишува Си-Ен-Ен.

Според него, нацрт-планот за прекин на вооруженото насилство ќе опфати поголем број полицајци на улиците, ќе го спречи дотекот на оружје во градот и ќе назначи координатор за борба против вооруженото насилство во сите градски канцеларии. Така, како што нагласи, ќе ги исполни своите предизборни ветувања.

„Ние ја претвораме нашата болка во цел“, рече Адамс, кој и самиот е поранешен полицаец. На соопштението на Адамс и претходеа серија убиства од висок профил во градот Њујорк во неделите откако тој ја презеде функцијата на 1 јануари.

Интензивирање на полициските патроли

Еден полицаец беше убиен, а друг тешко повреден минатиот петок во Харлем, при интервенција во случај на семејно насилство. Двајца други полицајци беа повредени во одвоени инциденти во различни делови на градот минатата недела.

Според најавениот план, во следните три недели ќе се засили бројот на полициски патроли во 30 градски квартови каде се случуваат 80 отсто од насилните злосторства во Њујорк. Полицајците ќе бидат јасно видливи и препознатливи, ќе бидат опремени со камери кои се носат на телото и ќе поминат интензивна обука, рече Адамс.

Поранешен полициски капетан и претседател на областа Бруклин, демократот Адамс победи на градските избори во ноември на платформа каде вети дека ќе ја подобри јавната безбедност со инвестирање во поагресивно полициско работење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот