Планот на Барса: Каталонците веќе имаат замена за Лионел Меси!?

Французинот се враќа во редовите на Атлетико Мадрид/Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Веќе подолг период се шпекулира околу иднината на Лионел Меси кој има важечки договор со Барселона до крајот на оваа сезона.

Најновите информации велат дека управата на шпанскиот фудбалски великан има сериозни планови во наредниот период.

Каталонците можеби ја играат една од најлошите, доколку не и и најлошата сезона во 21 век. Веќе во март останаа без Лигата на шампионите, ќе се обидат да ја поправат сликата во Шпанија, моментно заостануваат четири бодови зад лидерот Атлетико Мадрид во „Ла Лига“.

Барса веќе подготвува план за следното лето, кога големата реконструкција треба да донесе резултати. Главната тема е престојот, односно евентуалното заминување на Меси кој сè уште не ја објавил конечната одлука дали ќе остане на „Камп Ноу“..

Според угледниот „Ас“, Барселона има план во случај Аргентинецот да ги спакува куферите и да го напушти клубот. Замената ја гледаат во новата светска „гол-машина“, Ерлинг Холанд за чии услуги Борусија Дортмунд бара нешто повеќе од 100 милиони евра.

Ривалдо: Меси останува во Барселона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот