Планираше да биде херој, ова вторпат му се случува на Роналдо!

Кристијано Роналдо /

Се надеваше дека ќе го шутира клучниот удар за конечен триумф, но на крајот не ни доби шанса, бидејќи во првите серии непрецизни беа Пауло Дибала и Данило.

Синоќа Јувентус загуби на „Олимпико“ во Рим од Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во пенал серијата.

Кристијано Роналдо и натаму е најголемата ѕвезда на „Старата дама“, и во текот на вчерашниот ден сакаше да биде херој и во финалето од Купот на Италија.

Вторпат му се случува на Португалецот да не дочека да го шутне својот удар од белата точка. После регуларните 90 минути, бараше од тренерот Сари да биде изведувач во таа „последна“ петта серија.

Се надеваше дека ќе го шутира клучниот удар за конечен триумф, но на крајот не ни доби шанса, бидејќи во првите серии непрецизни беа Пауло Дибала и Данило.

Не шутираше и на Европското првенство 2012 година кога Португалија загуби од Шпанија.

И тогаш бараше еден од најпознатите фудбалери на светот да го изведува петтиот пенал, но ризикот не се исплатеше, бидејќи „црвената фурија“ беше поуспешна, а Роналдо не доби ниту шанса да се најде „очи во очи“ со Икер Касиљас.

Но, затоа во 2016 година нештата беа на страна на Роналдо, во финалето на ЛШ португалскиот ас го шутираше последниот пенал против Атлетико Мадрид и секако реализираше за триумф на Реал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот