Планирана реконструкција на преку 1.200 километри патна мрежа

Силната инвестициона активност во инфраструктурата продолжува и во четвртиот квартал. Очекувам голема реализаиција на капиталните инвестиции бидејќи во ресосорт транспорт четвртиот квартал е и најсилен, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната работна посета на Валандово.

Тој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, извршија увид во реконстуркција на државниот пат Смоквица –Удово.

Реконструкција на патниот правец е во должина од 6 километри а вредноста на инвестицијата е 46, 3 милиони денари.

Активностите врз целокупната инфраструктура во државата се одвиваат со силен интензитет. Временските услови се на наша страна со што ни овозможуваат добра и долга градежна сезона. Реконструкцијата на овој патен правец е од огромно значаење за населените места кои гравитираат кон Валандово и валандовско, бидејќи е еден од најфрекфрентните и ги поврзува со автопатот. Со силна динамика продолжуваме и во наредниот период, имаме голема програма. Во овој регион планираме голема инвестициона активност за што во следната година предвидени се реконструкции на неколку регионални патишта- изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека овој пат е многу значаен бидејќи ги поврзува Валандово, Струмица со Коридор 10.

-Отпочнуавме со работа на патот од Валандово кон Фурка, од Фурка кон Николич и од Стар Дојран до граничниот премин со Грција. Во меѓувреме се работи и на подготовка на  еден голем проект а тоа е изградба на експресен пат од автопатот кај Смоквица до граничен премин Ново Село со Република Бугарија. За следната година само реахбилитации ќе имаме преку 1200 километри- изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

За градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадиновски, реконструкцијата на овој пат е од огромно значење бидејќи влијае врз развојот на регионот.

-Кoнечно приоритетите на граѓаните ги забележуваме и ги решаваме, така ги подобруваме и условите за живот. Патот директно не поврзува со автопатот. Овој крај најбрзо се развива во општината Валандово а со рехабилитацијата на овој пат дополнително ќе го стимулираме развојот- истакна градоначалникот Костадиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот