Планира да продава свои производи со криптовалута: „Тесла“ купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари

Криптовалути / Фото: Колаж, Архива на Слободен печат

Компанијата „Тесла“ денеска соопшти дека купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и оти планира да ги продава своите производи со криптовалутата. Во апликацијата до Комисијата за хартии од вредност и берзански тргувања (СЕК), „Тесла“ посочи дека откупува биткоин „за поголема флексибилност во натамошната диверзификација и максимизирање на повратот на кеш”

Компанијата, исто така, изјави дека започнува да ја прифаќа криптовалутата за набавка на своите производи, но дека тоа ќе биде „подложно на актуелните закони и начелно ограничено”. Како што јавуваат некои американски медиуми, ова ќе биде првпат голем производител на автомобили да најави користење на биткоини.  

Претседателот на „Тесла“, Илон Маск, поттикна повеќе прашања по неговото однесување на Твитер овие денови, откако ги охрабри луѓето да купуваат биткоини што доведе до зголемување на вредноста на криптовалутите, како биткоинот и доџкоинот

Со најавата на „Тесла“, вредноста на биткоинот порасна до 44.200 американски долари. Акциите на „Тесла“ денеска пораснаа за два отстоВо апликацијата до СЕК, компанијата ги предупреди инвесторите дека вредноста на биткоинот е со екстремни варијации. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот