Планинарско-велосипедски настан „#Почни со Водно#”

Фото: Фејсбук

Планинари, велосипедисти, рекреативци и сите љубители на природата, се поканети на планинарско-велосипедски настан „#Почни со Водно#” што ќе се одржи вечер во организација на Амбасадата на Република Словачка во Скопје и планинарското друштво „I Love Hiking”.

Стартот е во 18.30 часот пред основното училиште „Кочо Рацин”, а учесниците ќе можат да се искачуваат до врвот на Водно заедно со планинарите или со велосипедистите.

Организаторите најавуваат дека за сите што ќе стигнат до врвот на Водно, ќе има подготвена храна, словачки пијалок, како и добра забава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот