Планинари, но и мали деца останале заглавени на врвот на Водно заради ветерот

Жичарницата на Водно / Фото: МИА
Поголема група граѓани, меѓу кои и деца денеска не можеле да се симнат од врвот на Водно со жичницата поради силниот ветер. Од Центарот за управување со кризи информираат дека проблемот е надминат откако жичницата била повторно ставена во употреба.
– На телефонски број за итни повици 112 во 15:40 часот добиена е пријава од лице кое се наоѓало на Водно кај Крстот, каде известува за поголема група на луѓе меѓу кои и многу мали деца кои чекаат да се симнат по жичницата, меѓутоа поради големите ветрови на истите од страна на вработените на жичницата не им е дозволено да се симнат со лифтот – наведуваат од ЦУК.
Лицата побарале помош за симнување, посочувајќи дека биле известени од страна на вработените во жичницата дека патот е подзамрзнат и дека е тешко со возило да се стигне до местото каде се наоѓале луѓето.
За настанатата состојба ЦУК го известило одговорното лице од Град Скопје и ЈСП Скопје. По извршените контакти со одговорното лице, жичницата била ставена во функција и луѓето безбедно се симнале надолу до Средно Водно.
Од страна на Град Скопје е известен и Црвениот крст чии претставници се наоѓале на лице место и им помагале на луѓето безбедно да се симнат надолу.
Состојбата е надмината, а временските услови се стабилизирани, соопштија од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот