Планинар загина при пад во провалија во Словенија

Фото: Профимедиа

Планинар (69) загина при пад во провалија во областа Острица во Словенија. Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, додека планинарот се движел по планината во еден момент се лизнал и почнал да паѓа кон провалија длабока 50 метри. Друг планинар се обидел да му помогне, но неуспешно.

Планинарот паднал во провалијата и поради тешките повреди набрзо починал. Телото било извлечено од страна на полицајците од Целје, со помош на армијата.

Властите ги предупредуваат планинарите да бидат внимателни, бидејќи само минатата година во Словенија животот го загубиле 41 планинар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот