Планинар пронашол човечко тело на Плачковица

Човечки труп бил пронајден од планинар вчера на радовишката страна од планината Плачковица, соопшти МВР.

„На 24.11.2022 година во 14.50 часот во Полициската станица Радовиш, З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на место викано „Чаркова река” во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп“, се вели во полицискиот билтен.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот бил даден на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот