Планетите се на нивна страна: Два хороскопски знаци во август ќе доживеат голема среќа

ренесанса
Фото: Unsplash / Birmingham Museums Trust

Во Август нè очекуваат важни астролошки настани. Еден од нив е транзитот на Меркур во Девица на 4 август. Тука се и негативните транзити на Венера и Марс на 11 и 20 во месецот, а Уран ќе почне да се движи ретроградно на 24 август. Набљудувајќи ги аспектите што се приближуваат, астролозите истакнаа кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во текот на август.

Близнаци

Астролозите забележуваат дека негативната позиција на Венера и Марс речиси и нема да влијае на вашата среќа и расположение. Најсилната позиција на Меркур во вашата шеста куќа ќе ви донесе максимална креативна енергија. Меркур ќе ја изостри вашата елоквентност, ќе бидете уште поуверливи и комуникативни, поради што ќе станете уште попопуларни кај спротивниот пол. Ве очекува голем успех во деловната сфера. Ако некој може да преговара со некого, каде било, тоа сте вие! Со малку напор ќе можете да си поставите идеални услови за нова работа или склучување договори со клиенти и нови партнери. Додека огромното мнозинство на знаци ќе имаат проблеми поради поставеноста на Уран, Венера и Марс, вие ќе можете да напредувате ако ги искористите вашите шанси. Ако можете да ја победите вашата мрзеливост, ќе ги победите сите ваши други непријатели – видливи и невидливи.

Девица

Во текот на август ќе можете да се искачите на самиот врв. Позицијата на планетите ви носи идеални услови за успех. Марс со Венера може да донесе некои проблеми, но Меркур ќе помогне овие проблеми да не влијаат на вас во поголема мера. Ве очекува среќа во сите области од животот. Единствениот проблем е како ќе ја диригирате оваа среќа. Астролозите ве советуваат да го насочите вниманието на најважните работи, да се обидете да ги поставите вистинските приоритети уште на почетокот на месецот. Меркур ќе ја зајакне вашата интуиција и ќе ве направи интелектуално поефикасни. Ќе почувствувате желба за знаење и ќе имате зголемена мотивација. Сега е време да излезете од сенката. Сега, во никој случај не треба да дозволите работите да се одвиваат сами, бидејќи соништата не се остваруваат туку така. Среќата треба паметно да се користи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот