Планетарно популарниот хит на „Спајс Грлс“ слави 24 години: Пријателството ни е поважно од љубовта! (ВИДЕО)

инстаграм

„Wannabe“ е дебитантскиот сингл на поп-групата „Спајс Грлс“ кој на денешен ден во 1996 година го освои првото место на листата за најдобри британски синглови.

профимедиа

Песната била напишана од членовите на групата, со помош на продуцентот и текстописецот Мет Роу и Ричард Стандард, за време на нивната прва професионална работилница за пишување текстови. „Wannabe“ го отворил албумот на девојките, кој бил објавен во ноември 1996 година.

„Wannabe“ е певлива денс-поп песна во која рапуваат Мел Би и Гери Халивел. Нејзините зборови кажуваат за женското пријателство кое е позначајно од љубовната врска, па нумерата стана симбол за женското единство и е највлијателна од сите „Спајс Грлс филозофии“.

инстаграм

Иако музичките критичари не биле воодушевени, песната се нашла на сите хит-листи низ светот, завземајќи прво место во дури 37 земји. Во тоа помогнал и провокативниот спот кој ги прикажува девојките како неповикани доаѓаат на „аристократска“ забава каде пореметуваат се.

Синглот, но и целиот дебитантски албум, членките Ема Бантон, Мел Би, Мел Си, Гери Халивел и Викторија Бекам, ги зациментира со планетарен успех, кој го оддржуваа неколку години.

инстаграм

Студискиот албум „Spice“ бил продаден во повеќе од 31 милиони примероци ширум светот, станувајќи најпродаваниот албум на женска музичка група во историјата.

Групата продала вкупно 85 милиони албуми, што ги направило најпродаваната женска група на сите времиња и најголемиот британски хит после Битлси. „Time“ кон средината на 90-те години ги нарекол „најпрепознатливите лица“ на британската поп култура.

Девојките до мај 1998 година заработиле неверојатни 800 милиони долари. Под раководство на менаџерот Сајмон Фулер, девојките станале глобален феномен, станувајќи редовен дел од светските медиуми.

Тие биле активни до 2000-та година, па ја обновиле соработката за турнеја од 2007-2008 година. Повторно се собрале во 2012 година, па 2018 до денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот