Планетарно популарен диџеј направи плагијат од песната на Раста! (ВИДЕО)

Instagram
Instagram

Џонас Блу е планетарно популарен англиски диџеј чии прегледи на YouTube моментално се бројат во милијарди, а исто така и трае истрага за тоа дали го „плагирал“ траперот Стефан Ѓуриќ Раста, поточно неговата песна „Maroco“.

Српскиот Noizz пишува дека станува збор за песната на Џонас наречена „Billboard“ која излегла пред пет дена и досега има нешто помалку од 200 илјади прегледи на YouTube. Тимот на Раста се сомнева дека Џонас ја земал мелодијата од „Maroco“, хитот кој излезе во март оваа година и има повеќе од 13 милиони прегледи. На „Maroco“ работел и Ален Сакиќ, синот на починатиот „крал“ на народната музика Синан Сакиќ.

Музиката ја правел Раста, а поради комплицираната ситуација, пишува Noizz, тој од својот правен тим добил совет да не се огласува во врска со овој случај. Од српското претставништво на Universal, издавачката куќа на Џонас, исто така не сакале ништо да коментираат за српските медиуми.

Инаку, Раста е само еден од траперите по кои моментално „лудуваат“ младите на балканот, а не го сакаат сите постари од 30 години. Раста е основач на дискографската куќа Imprint Balkaton, а познат е познат е по тоа што користењета на auto-tune го доведе на сосема ново ниво.

Раста го прославија хитовите „Kavali“ и „Kavasaki“ кои денес се задолжителен дел од репертоарот во поголем дел од клубовите низ регионот. Неговите песни на YouTube имаат по повеќе милиони прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот