План за Брисел: Европскиот Парламент ќе прави сопствен центар за вакцинација против ковид-19

Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Европскиот Парламент (ЕП) планира да формира сопствен центар за вакцинација против коронавирус во седиште во Брисел. Во него, според австриската новинска агенција АПА, дози против вирусот ќе може да добијат европратениците, но и граѓаните.

Белгиските здравствени власти играат голема улога во планирање на центарот. Деталите сè уште се подготвуваат, а вакцинацијата, неофицијално, може да почне во март или во април.

Европскиот парламент нема да го постави списокот на приоритетна вакцинација врз основа на функцијата, туку врз основа на припадност кон ризични групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот