План на Меркел и Макрон – регионален собир за решение на косовското прашање

Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Планот и идејата на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел е да се направи регионален собир околу прашањето за Косово и да започнат интензивни преговори на Србите и Албанците – истакна вчера српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот со германската канцеларка на маргините на генералното собрание на Обединетите нации (ОН), објави „Блиц“.

Тој додаде дека нема сомнение дека Европа сака решение на спорот меѓу Белград и Приштина и дека Германија инсистира на тоа.

Ангела Меркел, според Вучиќ, е голем лидер и тоа го покажува со вниманието кое го посветува на помалите земји, но и дека Европа е нејзин проект и дека сака стабилност на долг рок.

– Затоа таа цел свој труд ќе го вложи за да ја зачува стабилноста и ќе бара разговори, сѐ додека не пронајдеме решение – посочи српскиот лидер.

Александар Вучиќ додаде дека определеноста на канцеларката Меркел е забрзување на решенијата за Балканот.

– Германија сака стабилност и од нас бара да разговараме и да најдеме решение – рече Вучиќ.

Тој истакна дека разговарале и за одредени економски проекти и дека тој се пожалил поради тоа што „Фоклсваген“ отишол во Турција. Меркел му одговорила дека и бугарскиот премиер се пожалил поради истата причина, на што Вучиќ бил дециден и образложил дека верува дека Србија ќе успее да се избори за нови германски инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот