Пладневно опуштање со најдобрата комбинација: Чај со домашни бисквити!

чај и колачи
Olga Simonova / Alamy / Alamy / Profimedia

Сте се вратиле уморни од работа? Сакате да се смирите со нешто едноставно, вкусно, и да се прегрнете себеси после напорниот ден?

Направете си лична чајанка. Ова барем е лесно.

За чајот не ви треба упатство за употреба. Но, за да си направите мала топла прегратка сами кон себе, можете да ги направите овие брзи, лесни колачиња и да си го замирисате домот како француска пекарница!

Потребни состојки:

  • 10 лажици овесни снегулки, мелени
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 2 лажици стопен путер
  • 2 лажици млеко
  • 3 лажици мед
  • прстофат цимет
  • малку мускатно оревче
  • рендана кора од портокал

Подготовка

Овесните снегулки сомелете ги да бидат како грубо брашно. Додајте го стопениот путер, медот, млекото циметот и мускатното оревче. Направете мека смеса од која ќе формирате бомбици и притиснете ги со вилушка, да бидат плоснати. Оставете ги да одморат во фрижидер додека се местите пред фотелјата и чекате да ви се олади чајот. Потоа – уживајте во моментот за себе.

 

Видео на денот