„Плачев во хотел, не можев да се смирам“: Карлеуша за манекенското деби на ќерката (ФОТО)

Јелена Карлеуша без шминка / Фото: Инстаграм

Атина Тошиќ, ќерката на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ го имаше своето деби во улога на манекенка и на модната писта прошета како вистински професионалец на детската ревија одржана во Белград.

Јелена не можела да ја сокрие среќата по првата ревија…

Имено, екипата на српскиот „Телеграф“ ја затекнала ЈК на аеродромот во Белград и пред нивната камера ги споделила впечатоците и открила дека е многу горда на својата ќерка.

 

View this post on Instagram

 

MY GIRL! Plače mama od ponosa?? @tosic.atina for @niniakids Žao mi je što baka Divna ne može da vidi…

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

– Јас за жал не бев во Белград. Само што се враќам од странство, но ми пуштаа „лајв“. Многу сум горда, веднаш видеото го ставив на Инстаграм. Плачев, преплакав во хотелот пред настапот. Едно време не можев да се смирам. Многу сум возбудена како мајка и горда на моите деца Атина и Тина.

На прашање дали имала совети за Атина, ЈК одговорила следно:

Имав многу совети, а она слушаше само тоа што и одговараше. Мамина ќерка – рекла Јелена низ смеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот