ПЛАЧЕЛ НАД ПОЧИНАТИОТ СИН, А ПОТОА ОД КОВЧЕГОТ СЕ СЛУШНАЛО: „Тато, може ли чаша вода?“

Фото: EPA-EFE/MARCUS YAM / POOL/Илустрација

Бизарниот настан е од 2012 година во Бразил. Тогаш двегодишниот Келвис престанал да дише во болница, каде лежел поради тешко воспаление на белите дробови. Лекарите го прогласиле за починат, а семејството го преземало неговото тело за погреб. Тие цела ноќ останале над телото на малото дете.

Само ден час пред погребот, додека неговиот татко непрекинато плачел над телото на својот син, тоа наводно станало и рекло дека е жедно.

„Тато, може ли да добијам чаша вода?“, прашало збунетото дете, на кое не му било јасно зошто сите околу него плачат и се тажни.

– Не можевме да им поверуваме на очите. Мислевме дека се случи чудо и дека нашето дете е живо. Но, тој само повторно легна, како и во моментот претходно. Повеќе не можевме да го разбудиме – раскажа неговиот татко Антонио.

Синот веднаш бил пренесен назад во болница, но лекарите потврдиле дека младото момче не дава знаци на живот.

– Ме уверуваа дека е починат и не ми објаснија што видов и слушнав претходно – рече Антонио.

Семејството на двегодишното момче одлучило да го одложи погребот во надеж дека тој повторно ќе се разбуди, но тоа не се случило. Момчето е погребано следниот ден, а таткото Антонио Сантос кој бил уверен дека неговиот син е жртва на невнимателноста на лекарите, го пријавил случајот кај надлежните.

– Само 15 минути откако го однесоа да го реанимираат, дојдоа да ми кажат дека е починат. Мислам дека не го прегледале добро. Умрените не се будат и не зборуваат – одлучен бил таткото.

Локалните власти тогаш потврдија дека момчето е примено во болница во критична состојба и е прогласено за мртво откако престанало да дише.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот