Плаче и вели дека е многу уморна: МОРНИЧАВА СНИМКА пред несреќата во која загина! (ВИДЕО)

Пејачката Кајли Реј Харис (30) загина синоќа во сообраќајна несреќа во Ново Мексико.

Патувала кон градот Таос каде што требало да учествува на фестивал, а нејзината публика и обожавателите посебно ги натажи сторито што го објавила на Инстаграм на кое плаче од среќа.

Пејачката објаснува дека е многу уморна и дека и течат солзи радосници што по 12 часа пат конечно стигнува во Таос.

Додала и дека за градот ја врзуваат бројни спомени за сестрите и за татко и кои веќе не се живи, па се расплакала поради тоа.

Пејачката остави 16-годишна ќерка, а нејзиното семејство ги замолило новинарите да ја почитуваат нејзината тага и приватноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот