Пјонгјанг со кражба во киберпросторот дошол до две милијарди долари

Северна Кореја заработила околу две милијарди долари „за своите програми за развој на оружје за масовно уништување, крадејќи од финансиските институции и менувајќи криптовалути со се пораспространети и се понапредни кибер напади”, се наведува во доверливиот извештај на ОН, за кој пишуваат британските медиуми.

Пјонгјанг, исто така, продолжил да ги унапредува своите нуклеарни и ракетни програми, не спроведувајќи притоа нуклеарни тестирања или лансирања на интерконтинентални балистички проектили, се наведува во извештајот што до Комитетот за санкции на Советот за безбедност на ОН му го доставиле независни експерти, по шестмесечна мисија на набљудување, наведуваат британските медиуми

Мисијата на Северна Кореја во ОН не сакаше да го коментира извештајот што на Комитетот за санкции на СБ на ОН му беше доставен минатата недела.

Во извештајот се додава дека Пјонгјанг „го користел киберпросторот за да ги испере украдените пари “.

СБ на ОН во 2006 година и воведе санкции на Северна Кореја за да и го отежне начинот на прибирање средства за развој на нуклеарното и балистичкото ракетно вооружување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот