Пјонгјанг: САД стојат зад валканите потези на Британија, Франција и Германија

Северна Кореја ги предупреди САД, Велика Британија, Франција и Германија дека со отворањето на прашањата за севернокорејските ракетни проби во Советот за безбедност на ОН дополнително би се поттикнала желбата на Пјонгјанг да го брани својот суверенитет.

Советот за безбедност на ОН утре треба да одржи состанок зад затворени врати по барање на Германија, поддржано од Велика Британија и Франција, бидејќи Северна Кореја соопшти дека минатата недела извршила лансирање на балистичка ракета.

– Добро знаеме дека САД стојат зад валканите потези на Велика Британија, Франција и Германија, изјави амбасадорот на Северна Кореја во ОН, Ким Сонг.

Тој истакна дека САД и нивните поддржувачи треба да разберат дека доколку во овој момент го отворат прашањето за „нашите самоодбранбени мерки на состанокот на Советот за безбедност на ОН, тоа дополнително ќе ја поттикне нашата желба да го браниме суверенитетот”.

Главниот севернокорејски преговарач Ким Мјонг Гил пред два дена нагласи дека се прекинати нуклеарните преговори на работно ниво меѓу Северна Кореја и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот