Пјонгјанг ги обвини САД дека создаваат воен сојуз во Азија по урнекот на НАТО

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун/ Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Северна Кореја денеска ги обвини Соединетите Држави за воспоставување воен сојуз по урнекот на НАТО во Азија, изјавувајќи дека непоколебливата цел на САД да ја соборат севернокорејската влада го принуди Пјонгјанг да развие посилна одбрана.

„Додека несовесно одржуваат заеднички воени вежби со Јапонија и Јужна Кореја, Соединетите Држави преземаат целосен чекор кон воспоставување НАТО во азиски стил“, се вели во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Ракети / Фото: EPA-EFE/KCNA

Станува збор за неодамнешни воени вежби спроведени од американски, јужнокорејски и јапонски сили. Соединетите Американски Држави одржаа и вежби со јужнокорејските сили во кои беше вклучен и американскиот носач на авиони, првпат по повеќе од четири години.

„Ова ја докажува лицемерието на американската реторика на дипломатски ангажман и дијалог без предуслови, а во исто време открива дека нема промена во амбициите на САД насилно да го соборат нашиот систем “, се вели во соопштението на севернокорејското министерство.

 

Пјонгјанг потсетува дека треба да се направат сеопфатни напори за развој на уште посилна моќ, за да можат да ги надминат сите видови непријателски дејствија на САД.

Северна Кореја
Воена парада во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY

Соединетите Држави инсистираат Северна Кореја да се откаже од своето нуклеарно оружје и постојано бараат средба со севернокорејските власти „во секое време без предуслови“ за да разговараат за ова прашање, додека Северна Кореја засега ја отфрла оваа понуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот