Пјер Марколини е најдобар слаткар во светот, неговите чоколади чинат и повеќе од 100 долари

Instagram

„Ворлд пастри старс“ (World Pastry Stars), италијанска организација на готвачи од земји познати по кондиторските производи и чоколади, му ја додели титулата најдобар слаткар на светот на белгискиот производител на чоколади Пјер Марколини, со тоа зацврстувајќи ја белгиската репутација на врвен произведувач на овие слатки.

Profimedia

 

Марколини е познат по својот минималистички стил, неговите чоколади се продаваат како луксузни подароци, од кои некои и за повеќе од 100 долари. Неговите продавници се наоѓаат во многу земји, од Германија до Кина.

Својата прва продавница ја отворил во Брисел пред 25 години. Како што изјавил за „Ројтерс“, наградата ја гледа како потврда за својот „луд проект кој се обидува да го обнови, преобликува, промени, модернизира светот на слаткарството и светот на чоколадата“.

Instagram

Марколини се надева дека чоколадата ќе им донесе на луѓето барем малку утеха во овие тешки времиња поради пандемијата на ковид-19.

Ние сме во мрачен период поради пандемијата. Мислам дека најдоброто нешто што можете да направите е да останете дома со плочка чоколада, со кутија пралине – рекол тој.

Instagram

Белгија може да се пофали со „чоколадниот занает“ кој датира од 1912 година, кога Жан Неухаус го смислил пралинето. Меѓутоа, во последните години, оваа земја се соочува со силна конкуренција од странство, од Канада до Малезија, каде своите производи ги пласираат како „белгиски стил“ или „според белгискиот рецепт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот