Пивоваров за лустрацијата: Во екс СФРЈ оперативци пишуваа оперативен материјал само за да покријат дека тој е добиен од оперативна врска

Во периодот на екс СФРЈ, тогашната УДБА, преку нејзините службеници, за да извршат одреден разговор имаше две категории на лица во Јавна безбедност – информатори и соработници. Во Државна безбедност имавме оперативна врска и соработник. Знаеште што значеше соработник? Потпишување на званичен документ, се создаваа облигаторни односи помеѓу државата од една страна и лицето кое стапува доброволно во службата.

Ако зборуваме за доброволноста имаше три мотиви таму, рече Пивоваров во „Утронски брифинг“ на „Слободен печат“.

– Првиот мотив е желба да си ја сакаме државата – патриотски моти. Вториот економски мотив и третиот од алтруизам и авантуристички побуди. Сето тоа беше ставено во некои подзаконски акти, процедури кои точно прецизираа како се стапува, што значи, кој степен на соработка. И за мене како оперативец во осумдесетите беше несвојствено, затоа што разговарате со личност која не знае дека ќе биде внесена во вашите документи, личност која можеби воопшто и не разговарала. Во одредена средина се случува одреден безбедносен настан, оперативецот пишува оперативен материјал за да покрие дека тој е добиен од оперативна врска, наведува име, ако се случува во вашето маало го наведува вашето име и презиме за денеска кога лустраторите ги вадат документите велат дека тој и тој пишал тоа и тоа а вие немате појма, ниту сте се виделе, ниту слушнале, изјави  во „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“, проф. Владимир Пивоваров.

Добар дел од оперативците немајќи начин да и ја покријат платата ќе напишат што сакаат и наведат што сакаат. Никој до денеска не кажа дека во тоа време имавме посебни станови за комуникација со оперативните врски. Во тие станови се создаваа материјални докази. Јас во ниту еден случај во работата на комисијата не слушнав ниту за еден материјален доказ. Не може оперативецот да биде Господ – се она што го пишал да е вистина. Тогаш и таква фама владееше – дека она што го пишале е вистината. Овој процес на лустрација каков што го направивме беше класична политизација, без утвврдување на реалната вистина.

– Добар дел од званично лустрираните лица и оние лица кои се уште се во служба и ги пишувале материјалите Комисијата нема доблест да ги повика и да констатира дали се знаат и дали се сретнале- изјави проф. Владимир Пивоваров во „Утрински брифинг“ кој од 2002 до 2005 беше шеф на военото разузнување и контраразузнавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот