Пивоваров: Шверц на мигранти – добро организирана криминална мрежа оперира низ Европа (ВИДЕО)

Во МВР постои посебна единица при организиран криминал која е раководена од Јавниот обвинител. Оваа единица до сега има поднесено 28 кривични пријави против организаторите на ваквиот криминал – шверц на мигранти.

Од нив има не само македонски, туку и косовски, турски државјани, државјани од други држави што значи дека овој криминал има добро расплетена мрежа, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување.

-Сумата која што им се бара на мигрантите зависи од организаторите на шверцот. Криумчарењето не започнува од Македонија, односно шверцот започнува од местото на поаѓање од државата од каде се упатуваат, па се до завршната рута во Европа. Електронски се уплаќаат средствата и откако ќе бидат примени мигрантите се пренесуваат низ одредени точки. Секоја држава е една точка, додава Пивоваров.

-Има два сегменти – оперативен, за прибирање на информации токму за криминалните групи кои организираат превоз на мигранти и се поврзани со странски криминални групи и вториот начин е минување на границата самоиницијативно, што е поретко. Потоа по своја професионална проценка единицата во МВР реагира соодветно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот