Питон голтна цел крокодил (ФОТО)

Фотограф во Австралија успеа да ја овековечи борбата помеѓу двата најопасни предатори на земја и во вода, питон и крокодил.

Во борбата за живот, како победник излезе втората најголема змија во светот, питонот, кој потоа го голтна крокодилот.

Случката беше забележана во едно од мочуриштата во Квинсленд, Австралија.
– Ова беше неверојатна слика, откако го задави крокодилот, огромниот питон успеа и да го голтне. Оваа случка ќе ја паметам цел живот – изјави кајакарот Мартин Милер, кој ги направи фотографиите од борбата помеѓу двата предатори.

Питонот не е отровна змија, и својот плен го убива така што прво ќе го обмота и потоа постепено ќе го зголемува притисокот врз пленот се додека не ги скрши сите коски или не го задуши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот