Пит Дејвидсон се збогува со „SNL“: Здраво милиони луѓе кои гледаат само да видат дали ќе го спомнам Канје

Фото: YouTube - принтскрин

Пит Дејвидсон (28) го искористи финалето на 47-та сезона на „Saturday Night Live“ во саботата за да се збогува со обожавателите и критичарите откако се приклучи на шоуто пред осум години кога стана најмладиот член на актерската екипа во нејзината историја.

Пит Дејвидсон ги „испече“ Вил Смит, Такер Карлсон, па дури и го спомна ривалот Канје Вест за време на неговиот крајно очекуван последен настап во „SNL“.

Заминувањето на Дејвидсон заедно со Ејди Брајант, Кејт Мекинон и Кајл Муни претставува едно од најголемите потреси на актерската екипа во изминатите години во шоуто кое доживеа невообичаена стабилност во последните сезони.

Дејвидсон се појави за да се збогува,  во делот на „Weekend Update“ со Колин Јост и Мајкл Че.

„Здраво Колин и Че и милиони луѓе кои гледаат само да видат дали ќе го спомнам Канје“, рече тој, мислејќи на поранешниот сопруг на девојката Ким Кардашијан, со кого Дејвидсон беше вовлечен во јавна војна.

Тој продолжи да им се заблагодарува на сите вклучени во шоуто и да разговара за тоа колку далеку стигнал откако се приклучил на актерската екипа.

„Тогаш бев слабо дете и никој не знаше која раса сум. Сега сите знаат дека сум бел затоа што сум многу успешен и покрај тоа што ретко се појавував на работа“, се пошегува Дејвидсон.

Дејвидсон, се осврна на контроверзноста што ја создаде кога се потсмеваше на окото на конгресменот Ден Креншо, го сподели и советот што му го дал креаторот на „SNL“, Лорн Мајклс, кога ја објави својата свршувачка со пејачката Аријана Гранде во 2018 година.

Тој заврши со повторно заблагодарување на сите вклучени во шоуто.

„Ценам што „SNL“ секогаш ми го чуваше грбот и ми дозволуваше да работам на себе и да растам и му благодарам на Лорн што никогаш не се откажа од мене или не ме осуди, дури и кога сите го правеа тоа. Што ми веруваа и ми дозволија да имам место што ќе го наречам дом со спомени кои ќе траат цел живот“, додаде Дејвидсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот