Пистонси добија „метла” од Милвоки, сефте победа на Јута (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Најдобриот тим по лигашкиот дел во НБА, Милвоки Бакс со чисти 4-0 во победи го елиминира Детроит и се пласира во четвртфиналето од плејофот.

Милвоки ноќеска во четвртиот дуел од осминафиналната серија го совлада Детроит на негов терен со убедливи 127-104. Најдобар играч на натпреварот беше Јанис Адетокумбо со 41 поен и девет скока.

Противник на Милвоки во четвртфиналето ќе биде тимот на Бостон кој исто така со 4-0 експресно ја заврши серијата со Индијана.

На вториот натпревар одигра ноќта меѓу понеделник и вторник, Јута го победи Хјустон со 107-91 и намали на 1-3 во серијата прв до четири триумфи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот