Писонеро: Светска титула со Вардар ќе биде одлична најава!

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Да потсетиме, Писонеро во наредните две години ќе ги води „црвено-црните“ и ќе се обиде да го однесе клубот кон нови големи успеси.

– Да се биде тренер на освојувачот на Лигата на шампионите е голем чекор за мене во мојата кариера – рече Писонеро.

Неговата прва задача со Вардарци ќе биде во август каде што тимот ќе настапи на ИХФ „Супер Глоуб“.

– Се надевам дека играчите ќе бидат подготвени да играат на едно високо ниво и се обидеме да ја освоиме светската титула, што би била прва во историјата на клубот. А тоа ќе биде фантастичен начин да се започне новиот предизвик – додаде Шпанецот.

Целта во новата сезона ќе биде да се одбрани титулата во ЛШ, а досега тоа никој не го направил од кога се игра на Фајнал фор турнирот во „Ланксес“ арената, во Келн.

– Слично како и лани, желбата е и во новата сезона да играме на високо ниво. Сакаме да го повториме успехот од минатата сезона и воедно има подобрувања во некои делови од нашата игра – заврши Писонеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот