Писонеро: Со голема поддршка од трибините до победа против Кил!

Слободен печат

Актуелниот шампион на Европа има повторно добар старт на сезоната во ЛШ. „Црвено-црните“ ги добија првите три натпревари во најсилната група Б, откако ги совладаа екипите на Монпелје, Порто и Мотор Запорожје.

Во сабота го игра 4.коло и дербито против екипата на Кил. Дали Вардар може да го повтори добриот старт како во три претходни сезони останува да видиме во сабота, некаде после 19:00 кога и ќе биде завршен натпреварот кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански.

Стартни четири победи во групата, Вардар имал и во сезоните 2015-16, 2016/17 и 2018/19 кога успеал да сврзе четири триумфи по ред на стартот од сезоната, а никогаш не направил серија од пет победи, иако имал таква можност.

rkvardar.mk

-Натпреварот со Кил е од голема важност за мојот тим. На последните неколку натпревари го анализирав Кил и од тоа што можев да видам е дека се наоѓаат во одлична форма. Подобро играат од последниот наш дуел, кога не победија во полуфиналето на Супер Глоуб Купот. Очекувам многу од овој дуел, со оглед дека играме во Скопје, пред нашите навивачи, кои се надевам дека ќе дојдат во голем број и ќе ни дадат поддршка – рече  тренерот на Вардар, Давид Писонеро.

Доколку Вардар го добие саботниот дуел, во следното коло го очекува уште еден тежок натпревар, гостувањето кај добро познатиот противник, тимот на Веспрем, кој исто така е претедент за највисок пласман во групата.

Натпреварот го најави и искусниот Дибиров, кој истакна дека неговата екипа е мотивирана да го победи Кил и да покажат зошто на два пати ја освоија ЛШ.

-Среќен сум што конечно оваа сезона можеме да одиграме натпревар против силен противник, кој е претедент за највисок пласман во нашата група. Искрено, повеќе се плашам кога пред себе имаме екипи со послаб квалитет, затоа што тогаш има работи кои недостасуваат, како преголема самодоверба, или недоволно мотивација. Сакам да видам како Кил ќе одигра и како би можел да не победи нас во Скопје. Подготвени сме за овој натпревар, ќе ја играме нашата игра и не не интерисира силата на Кил. Очекувам да одиграме добар натпревар и да покажеме кој е кој во Лигата на Шампионите. Ако не се правам “фраер“ сега кога имаме освоено две титули во три години, тогаш кога?!,истакна Дибиров на прес-конференцијата пред присутните медиуми.

Вардар и оваа сезона ќе оди чекор по чекор, навивачите повторно ќе бидат најголемата поддршка за тимот, кои сигурно дека ќе му приредат вистински пекол на Кил во сабота. Напоменавме, важен меч за Вардар, пред гостувањето кај екипата на Веспрем.

Дуелот со Кил се игра во сабота, со почеток од 17:30 часот, а салата ќе биде целосно распродадена, со оглед дека од клубот пуштија и дополнителни билети за стоење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот