Писонеро: Не е лесно да се победи на овој терен

Фото: РК Вардар

Вардар со победа над Монпелје ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Овој натпревар истовремено претставуваше и деби на клупата за Шпанецот, Давид Писонеро. Писонеро е третиот Шпанец кој го води Вардар, по Раул Гонзалес и Роберто Гарсија Парондо, и со победа ја започна одисејата во Лигата на шампионите.

– Одигравме тежок натпревар каков што и се очекуваше. Во првото полувреме дел одбраната не беше на ниво, а нападот коректен, бидејќи дадовме 16 гола. Во вториот дел се подобривме и успеавме да дојдеме до посакуваниот триумф. Имавме и неколку лесни голови преку брзи контри и задоволни сме од резултатот. Не е лесно да победиш на овој терен – рече Писонеро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот